Ние обезбедуваме високо квалитетни гласовни, податочни и интернет услуги кои Ви помагаат да управувате со трошоците, да ги поедноставите ИТ операциите и да се остварите подобра деловна поврзаност. Главната цел на СофтНЕТ денес е да им помогне на растечкиот број на наши корисници да се префрлат од традиционалните телефонски услуги на решенија базирани на IP кои ги намалуваат трошоците и ја зголемуваат
продуктивноста.
Посветени на обезбедување одлична услуга за корисниците. Ние сме доволно големи да испорачаме, но исто толку важно е што ние сме доволно мали да се грижиме за квалитетот на нашиот однос со Вас што не издвојува во опслужувањето на регионот на Југоисточна Европа и Кина. Лесно е да се соработува со нас и ние ги потврдуваме нашите заложби со квалитетни договори за нивото на квалитет на услугите.
ОПШТО
СофтНЕТ е регионален давател на телекомуникациски услуги во приватна сопственост основан во 1996 година во. Следејќи ја својата политика на ширење во Југоисточна Европа, СофтНЕТ ја изгради најнапредната IP мрежа и отвори канцеларии во Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Романија и Кина каде што има врвни тимови на професионалци.
Денес СофтНЕТ ја управува оваа најмодерна меѓународна мрежа која овозможува високо ниво на гласовни, податочни и дополнителни услуги. Тие се развиени исклучиво за компании на кои им е потребна одлична надворешна и внатрешна конекција.
СофтНЕТ е вистинскиот избор за секоја компанија во регионот, особено за мултинационални компании со подружници во Европа или Кина. Тој е доверлив и сигурен комуникациски партнер со големи и докажани искуства.
BUSINESS CARD
Company | Друштво за телекомуникациски услуги СОФТНЕТ ЕУ ДООЕЛ Скопје |
Short name | СофтНЕТ |
Office | 11 Октомври бр.25 1000 Скопје |
Phone No.1 | +389 2 580 02 00 |
Phone No.2 | +389 2 329 09 77 |
info@softnet.mk | |
VAT number | 4030008025690 |
Registration number | 6344879 |
Registered | Централен регистар на Македонија |
Court Reg. number | |
TRR | 210-063448790160 НЛБ Тутунска |
Founding capital | 5000 € |
CEO | Andrej Boštjančič |