Податочните услуги се главниот бизнис на СофтНЕТ од почетокот и се потпираат на нашата сопствена IP мрежа. Нивните карактеристики и флексибилноста ни овозможуваат воспоставување на цел комплет на безбедни и сигурни податочни услуги кои може да се прилагодат на различните барања на секој клиент.
ВАШИ ПРИДОБИВКИ: Еден единствен контакт за сите технички и продажни прашања во Југоисточна Европа резултира со побрзо ангажирање, помалку проблеми во операциите и понизок вкупен трошок. Со директни врски со Tier-1 мрежите и отворена политика на размена на сообраќај помеѓу нивните корисници, СофтНЕТ може да биде одличен избор за брза и сигурна интернет поврзаност. Договорот за нивото на квалитетот на услугите (SLA agreement) е стандарден поим. Дополнително, можеме да понудиме директен пристап до нашиот високо обучен тим за техничка поддршка 24/7/365.
СофтНЕТ овозможува квалитетен и постојан пристап до интернет со фокус на бизнис секторот. За да ги задоволиме Вашите потреби ние нудиме различни решенија за интернет пристап: FIBER OPTIC, ETHERNET, WIRELESS и xDSL. За сите решенија постои квалитетна поддршка и квалитетни договори за нивото на квалитетот на услугите (SLA). Ние обезбедуваме високи брзини, одлична цена и перформанси.
Dark Fiber услугите на СофтНЕТ нудат мноштво опции за поврзаност од поединечни влакна до комплексни дизајни на кабли. Ова одлично решение за компании кои имаат потреби за проток со висок капацитет Ви овозможува максимална контрола и мрежна сигурност. -+..//0/1/203053446езбедни и сигурни податочни услуги кои може да се прилагодат на различните барања на секој клиент.
Wavelengt услугите на СофтНЕТ се базираат на DWDM технологијата која нуди брзини од 1Gbps до 100Gbps поддржувајќи мноштво протокол интерфејси и обезбедувајќи Ве со потребниот проток за најнапредните апликации.
EPL (приватна Етернет линија) услугата на СофтНЕТ е идеална за компании на кои им е потребен квалитетен проток или поголема приватност на податоци или и двете. Освен тоа, што и да носи иднината за Вашата компанија, со услугата Ethernet Private Line (EPL) ќе можете постепено да ја проширувате Вашата мрежа и да плаќате само за капацитетот што Ви е потребен.
Етернет Виртуелна приватна линија ( EVPL ) овој тип на услуги се идеални, ако вашата организација бара силна поврзаност меѓу регионалните канцеларии и седиштето на компанијата. Овој тип на глобални услуги обезбедува Ethernet конекција со брзини од 1 Mbps до 1 Gbps. Тие им овозможуваат на корисниците се со цел да се добијат приоритет на глас и други итни податоци преку и понизок приоритет на дата сообраќајот во мрежата, исто така овој тип на мрежа поддржуват примена протокол и адресна шема
Кога јасноста на трансмисијата е критична и безгрешната комуникација суштинска, SDH Leased Lines услугите (SDH изнајмени линии) се вистинската опција.Напредниот дизајн на мрежите na градските јадра и населените места кои гравитираат кон нив може да обезбеди извонредна сигурност и обновување на услугите во милисекунди и широка покриеност. Заедно со други понуди на услуги на СофтНЕТ, може да Ви помогне да ги задоволите Вашите комуникациски потреби.
Секој оддел за IT управува со сè покомплексни потреби овие денови и тоа постојано станува потешко. СофтНЕТ може да Ви помогне да ги пополните тие празнини во IT ресурсите за да можете да се концентрирате на Вашиот главен бизнис знаејќи дека вашата мрежа е во сигурни раце.
Оваа зрела, силна и високо квалитетна услуга донесува голема адаптабилност на корпоративниот свет на мрежно поврзување. MPLS на СофтНЕТ ја гарантира приватноста и безбедноста на информациите кои се пренесуваат преку нашата мрежа задржувајќи ја флексибилноста на услугата.
IP SEC VPN обично се користи од помали компании со само неколку локации. Тоа е метода да се обезбедат IP комуникации од едниот до другиот крај обезбедувајќи доверливост, автентичност, заштита од злонамерен повторен пренос на податоци и интегритет на. Бидејќи IPSec е интегриран на интернет слојот (слој 3), тој пружа безбедност за скоро сите протоколи во TCP/IP комплетот. Може да го користите исто така за да се одбраните од напади базирани на мрежата.