СофтНЕТ оптимално комуникациско решение за бизниси.
Услугите на СофтНЕТ за деловна комуникација во комбинација со широкиот асортиман на комуникациски технологии може да прераснат во одлично комуникациско решение за Вашата компанија. Ние нудиме целосна услуга (консалтинг, имплементација, едукација, одржување) поддржано од страна на нашата висококвалитетна IP мрежа и високо обучените технички тимови. Доколку сакате да дознаете повеќе за нашите услуги, кликнете на некоја од нашите групи на продукти.
Телефонската услуга е неопходна за секој бизнис независно дали Ви треба телефон само на Вашето биро или сакате динамична канцеларија. Можноста да ги добиете корисниците и партнерите во секое време и да имате ефективни разговори може да биде клучно за Вашите активности.
Податочните услуги се главниот бизнис на СофтНЕТ од почетокот и се потпираат на нашата сопствена IP мрежа. Нивните карактеристики и флексибилноста ни овозможуваат воспоставување на цел комплет на безбедни и сигурни податочни услуги кои може да се прилагодат на различните барања на секој клиент.
Не можете да си дозволите да трошите скапоцени ресурси на менаџмент на повеќекратни услуги. Конвергирајќи ги сите комуникации на една мрежа и провајдер, ги оптимизирате нив и обезбедувате подготвеност за иднината.